Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) го распиша конкурсот за доделување на наградата „Даница Ручигај“ за најдобра поетска книга од писателка членка на ДПМ, објавена во тековната година. Во конкуренција ќе влезат стихозбирките објавени од ноември 2019 до крајот на октомври 2020 година.
Авторките и издавачите треба да ги достават книгите во електронска форма на адресата на ДПМ – [email protected] (со назнака за конкурсот за наградата „Даница Ручигај“) најдоцна до 10 ноември 2020 година. Доделувањето на наградата е дел од активностите на Клубот на писателките членки на ДПМ, што го носи името на познатата македонска поетеса Даница Ручигај, која загина во скопскиот земјотрес во 1963 година.
(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 54, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 31 октомври – 1 ноември 2020)