Друштво на писателите на Македонија: Поетот Радован Павловски е добитник на повелбата „Блаже Конески“

Поетот и академик Радован Павловски е добитник на повелбата „Блаже Конески“, што на секои пет години ја доделува Друштвото на писатели на Македонија. Пред пет години ДПМ ја започна традицијата за доделување на Повелба со името на нашиот најистакнат книжевник и лингвист – Блаже Конески. Повелбата се доделува за врвни творечки остварувања од парадигматски карактер, што оставиле трајни белези во развојните процеси на македонската литература и што имаат значајни проблесоци во литературните и културни центри во Европа и во светот.

Прв добитник во 2015 година беше поетот и академик Матеја Матевски. Годинашниот добитник Радован Павловски е еден од најпреведуваните и најнаградувани македонски поети. Согласно условите диктирани од пандемијата, ДПМ Повелбата на Павловски свечено ќе му ја врачи во септември 2021 година во Небрегово, родното место на Конески. Во меѓувреме ДПМ го подготвува и првиот број од ревијата „Стожер“ за следната година, во која лице во фокус ќе биде Радован Павловски.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 61, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 19-20 декември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот