Други нека расправаат за тоа кој е најдобар тенисер во историјата…

epa08483083 Novak Djokovic of Serbia in action against Viktor Troicki of Serbia during their match for the Adria Tour tennis tournament in Belgrade, Serbia, 13 June 2020. The Adria Tour will be held until 05 July in Serbia, Croatia, Montenegro and Bosnia. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Новак Ѓоковиќ зборуваше со новинарите пред настапот на турнирот во Виена.

Првиот тенисер на АТП ранг листата вели дека би било убаво доколку успее да го израмни рекордот на својот идол Пит Сампрас, кој шест години беше најдобар тенисер.

Ѓоковиќ пред настапот на турнирот во Виена порача дека целта му е да го собори рекордот на Рожер Федерер од 310 недели на првото место на АТП ранг листата, но во исто време одби да учествува во дебатата за тоа кој е најдобар тенисер на сите времиња.

Српскиот тенисер се наоѓа во добра позиција да ја оствари целта и да го надмине рекордот на Федерер бидејќи нема да губи поени на АТП ранг листата. Имено, поради пандемијата на коронавирусот, системот на бодување е замрзнат до наредната година.

Овој привремен систем на рангирање кој важи до март идната година за мене е добар бидејќи во тој период освоив доста поени. Правилата се исти за сите и се надевам дека ќе дојдам до историскиот број 1 до март иако во животот многу работи се непредвидливи. Што се однесува до дебатата за најдобриот тенисер на сите времиња, тоа го оставам на другите. Мене не ме интересира. Се обидувам да го задржам првото место на АТП ранг листата, додека растев Пит Сампрас ми беше идол и би било навистина убаво да го израмнам неговиот рекорд – изјави Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот