Дру Баримор со шокантно откритие за „последната забава“ на дедо ѝ: Го украле неговото тело од мртовечница!

Дру Баримор Profimedia

Актерката Дру Баримор ги потврди долгогодишните гласини дека телото на нејзиниот дедо било украдено од мртовечница за да може да присуствува на „својата последна забава“.

Станува збор за Џон Баримор, легендарен актер, кој починал на 60- годишна возраст во 1942 година од цироза на слезината и откажување на бубрезите како последица на воспаление на белите дробови.

Џон Баримор/Profimedia

Оттогаш постојано кружеше приказната дека телото на Џон „исчезнало“ од мртовечницата, сѐ досега, кога неговата внука за првпат јавно проговори што, всушност, се случувало тогаш.

Дру вели дека телото било однесено на забава, односно на последната забава што му ја приредиле пријателите.

Забавата се состоела од тоа што телото на Џон било поставено на маса за покер за последен пат „да се забавува и да игра покер со пријателите“.

– Би сакала и моите пријатели да го направат истото за мене – открила Дру.

Дру Баримор во сцена од филм/Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот