Дру Баримор: Мајка ми ми дозволуваше да пушам марихуана кога имав десет години
Во нашата куќа беа дозволени сите нездрави навики. Освен благо. Буквално се криев во плакарот за да јадам чоколадо, неодамна изјави актерката Дру Баримор во нејзиниот подкаст „Drew’s News“, пренесува „Daily Star“.
За забраната на слатките разговараше со актерот Роб Лоу и откри дека нејзината мајка Џејд Баримор била многу строга. Не сакала нејзините деца да се здебелат.
View this post on Instagram
Но, кога станува збор за други нездрави работи, тогаш немало никаков проблем. 47-годишната актерка откри дека првиот алкохолен пијалок го испила на девет години, а марихуана пробала на десет години.
Во едно интервју за „People“, таа призна дека на 13 години двапати отишла на рехабилитација од дрога. Покрај тоа, нејзината мајка ја испратила во психијатриска установа.
„Таму немаше шеги, а ако дојдеше до таква ситуација, тогаш нè врзуваа“, објасни таа и призна дека била вистинска бунтовничка. „Одев по клубови и избегнував училиште. Бев целосно надвор од контрола“, призна актерката.
Баримор откри дека со текот на годините нашла начин да ѝ прости на мајка си.
„Верувам дека таа се чувствуваше како да нема друг излез. Сигурно сиве овие години живеела со многу вина. Направила чудовиште и сигурно живеела со многу болка“, додаде таа.
View this post on Instagram
Актерката Дру Баримор денес има две ќерки, 8-годишната Френки и 9-годишната Олив, на кои сака да им биде пример кога ќе пораснат.
„Им реков ‘Јас сум ваша мајка, а не пријателка’. Имав мајка која ми беше пријателка, па тоа се покажа многу лошо. Не го сакам тоа“, заклучи таа.