Дру Баримор: Едвај чекам да умре мајка ми, не можам да го дочекам тој момент

Американската актерка Дру Баримор призна дека „едвај чека“ да умре мајка ѝ Џејд Баримор.
Во интервју за „Њујорк магазин“, таа отворено проговори за своето бурно детство со мајка ѝ, откривајќи дека е љубомора на нејзините пријатели кои „веќе останале без родители“.
„Сите нивни мајки починаа, а мојата не. Јас го немам тој луксуз. Не можам да го дочекам тој момент“, изјави таа.

„Не сакам да живеам во состојба во која посакувам некој да си замине пред да му е судено, само за да можам јас да растам. Всушност, сакам да биде среќна, да напредува и да биде здрава, но јас морам да растам и покрај тоа што таа сè уште е на оваа планета“, дополнително објаснила актерката.
Меѓутоа, подоцна во интервјуто, актерката споделила дека чувствува грижа на совест за таквите коментари.
„Се осмелив да го кажам тоа и не се почувствував добро“, рекла таа и додала дека, всушност, се грижи за мајка ѝ.

Во минатото, Дру Баримор отворено зборуваше за растењето со мајка ѝ, која во тоа време ѝ била менаџерка и ја водела со себе на холивудските забави уште додека таа била дете.
На 12-годишна возраст, Дру Баримор веќе била одвикнување од дрога и алкохол, а на 13 години мајка ѝ ја сместила во психијатриска установа во Калифорнија.
„Мислам дека создаде чудовиште и не знаеше што да направи со тоа чудовиште“, изјави актерката во едно интервју во 2021 година.

Иако Бaримор успеала да му прости на својот татко – Џон Дејвид Баримор, пред да почина во 2004 година, со мајка ѝ никогаш не ги подобрила односите.
Сепак, како што изјави за „Њујорк магазин“, Баримор не ја обвинува својата мајка за сите предизвици во својот живот.
„Не можам да ѝ го свртам грбот на личноста која ми го даде животот. Не можам да го направам тоа, многу ќе ме боли“, заклучи таа.
Дру Баримор искрена: Не сум имала секс по разводот во 2016 година