ДРОН ВИДЕО+ГАЛЕРИЈА | Отворен „Ист Гејт Мол“: Шопинг, забава и вкусна храна на едно место

Отворање на Ист Гејт Мол / 29 октомври 2021 / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Со симболично сечење на црвена лента и со стотици балони пуштени кон небото, денеска во Скопје беше отворен „Ист гејт мол“, еден од најголемите трговски центри во регионот.

Отворање на Ист Гејт Мол / 29 октомври 2021 / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Посетителите, кои уште при самото отворање ги имаше во голем број, имаат можност да пазаруваат во 220 продавници кои нудат избор од над 600 брендови. Од застапените брендови, 40 се сосема нови и за првпат се претставуваат во земјава. Меѓу нив се Зара хоум, Reserved, Mohito, Sinsay, Cropp, House, Armani Exchange, Calvin Klein, Kiko Milano, Pandora, Mango Man-Woman-Kids, XYZ, Patrizia Pepe, XYZ, Valentino, Tods, Furla, Neptun Electronics, Dsquared2, Massimo Dutti, De Facto, Madame Coco, Babor Cosmetics, Prenatal, Reserved, Oysho, The Athlete’s Foot, Twinset и многу други. Се разбира, не изостануваат ни гастрономските уживања, продавниците за книги и различни други услуги и забава за посетителите од сите возрасти.

„Ист Гејт Мол“, инвестиција вредна 103 милиони евра на „Балфин Групација“, се простира на пет нивоа, на вкупна површина од околу 160.000 метри квадратни, а располага со 2000 паркинг места.

Ист Гејт Мол од денес за 360 степени го менува концептот за она што претставува еден трговски центар во секое време од годината и со тоа станува најпривлечна дестинација и за посетители од блиското соседство. Одговорноста да се отвори навремено „Ист Гејт Мол“ е голема, а секако е навистина значителен успех и мое лично задоволство да се биде на чело на палката во менаџирање на почитување на сите рокови и правила во изградбата на овој прекрасен објект. Од денес, „Ист Гејт Мол“ е центар на шопингот и забавата, како најновиот магнет за сите домашни и регионални посетители, кои со нетрпение ги очекуваме да им посакаме добредојде – истакна Игор Давков, главен извршен директор на компанијата „Скопје Ист Гејт“.

Отворање на Ист Гејт Мол / 29 октомври 2021 / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

ВИДЕО | Давков: Ист гејт мол ќе придонесе за економски развој на државата

Во претстојните месеци, како што беше речено на отворањето, јавноста може да очекува оригинални концепти и уникатни содржини за буквално сите генерации и вкусови, што ќе ја прикаже идејата на трансформирање и поврзување на „Ист Гејт Мол“ како синоним за вистинска шопинг оаза на уживањето, којашто според очекувањата годишно ќе ја посетуваат околу 12 милиони луѓе.

Погледнете ја снимката со дрон од објектот:

Погледнете ја галеријата од отворањето на Ист Гејт Мол:

Утре се отвора „Ист гејт“: Кој е инвеститорот и што ќе значи за економијата?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот