Дрон прелетал над делот на граничниот премин Јариње: Неговата мистериозност предизвика паника кај косовската полиција

Беспилотното летало го прелетало делот преку ридот и додека специјалните сили на косовската полиција гледале, дронот направил круг и се оддалечил кон ридот од каде што дошол.

Откако дронот се повлече, специјалците сфатија дека не е нивен , па почнале да ги креваат двогледите , а зад куполата на еден од митралезите на еден од нивните борбени возила , имаше и специјалец кој се подготвуваше да стрела врз дронот но тој веќе се одалечи за брдото од каде и дојде

Засега никој не знае за чиј дрон станува збор, се шпекулира дека може да е на КФОР, но тој прелет и прелетување со беспилотни летала предизвика паника кај косовските полицајци, јавија  репортерите  на српската ТВ Прва.

Претходно, хеликоптерите на КФОР неколку пати прелетаче над административните премини Јариње и Брњак, како и северно од Косово.

КФОР соопшти дека го „зголемила бројот и времетраењето на рутинските патроли низ Косово, вклучувајќи го и северот“, како и дека „внимателно ја следи ситуацијата низ Косово“, пишува Косово онлајн.

Веќе осум дена сообраќајот е блокиран на административните премини меѓу централна Србија и Косово , бидејќи Приштина им забрани влез на автомобилите со српски регистарски таблички. Оваа одлука предизвика протест кај Србите, кои ги блокираа патиштата до административните премини

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот