Дрога и оружје најдени кај скопјанец – Слободен печат
Хроника

Дрога и оружје најдени кај скопјанец

Скопјанецот е осомничен за две кривични дела, за незаконско поседување на оружје и на дрога.

Четириесет и едногодишен скопјанец е лишен од слобода, откако полицијата при претрес во неговиот дом пронашла оружје и кокаин, соопшти МВР.

Полициската пријава е поднесена против скопјанецот А.С. (41) кој е осомничен за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.

На 11 овој месец со судска наредба полицијата извршила претрес во неговиот дом и одзела пиштол „CZ 100“, 10 куршуми калибар 9 милиметри, 14 куршуми со калибар 7,62 милиметри, кокаин, амфетамини и неколку предмети со остатоци од кокаин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close