Дрога, експлозив и лажни пари најдени во стан во Мичурин

Пронајдени дрога/ фото: МВР

При претрес во стан на ул. „Венјамин Манчуковски” во скопската општина Аеродром, вчера е пронајденa таблетa екстази и вага со остатоци од кокаин, а во подрумските простории е пронајдено едно пакување експлозив – тротил со жици електрични запалки – детонатори М5 за експлозив, информира МВР.

Претресот е извршен во координирана полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога,оружје и опасни материи и СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по претходно обезбедена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје.

Во станот на ул. „Венјамин Манчуковски” во скопската општина Аеродром, биле затекнати М.М. (20) и 16 годишен малолетник од село Зелениково.

– При претрес на гаража на ул. „Бојмија” во хартиена кеса е пронајдена поголема количина парични средства во апоени од 100 долари, или вкупно 396.200 долари, за кои од првичниот увид може да се утврди дека се работи за фалсификувани банкноти и едно полиетеленско пакување во кое има 149 екстази. Лицата се лишени од слобода и против нив СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава по чл. 396, чл.215 и чл. 268, соопштија денеска од МВР.

Исто така, при преземањето на координираните мерки и активности биле лишени од слобода и Н.Т. (20), кај кои при личен преглед се пронајдени марихуана, синтетичка дрога амфетамин и трипови, и М.Г.(21), кај кого е пронајдена марихуана.

МВР продолжува со вршење на проверки со цел идентификување и на други инволвирани лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот