Дритан Абазовиќ: Најголемиот срам на Црна Гора е бомбардирањето на Дубровник

Дритан Абазовиќ

Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ го посети хрватскиот град Дубровник и по тој повод се осврна на војната и бомбардирањето на тој град во кој учествуваше и Црна Гора во 1991 година.

„Како дете се сеќавам на бомбардирањето на Дубровник – најголемиот срам на Црна Гора во нејзината модерна историја, земја која тогаш беше заробена во канџите на национализмот, омразата и военото профитерство“, истакна Абазовиќ.

Тој потенцираше дека е првиот црногорски премиер кој слободно се шетал по шеталиштето Страдун. Абазовиќ повика на љубов, регионална соработка и градење на европската иднина.

Во есента 1991 година Дубровник беше гранатиран од ЈНА, а во опсадата учествуваше територијалната одбрана на тогашна Црна Гора. Нападите започнаа на 1 октомври, по што беше окупиран добар дел од предградијата на Дубровник. За време на гранатирањето, Стариот град Дубровник, заштитен од УНЕСКО, претрпе значителна штета.

Во 2000 година, актуелниот претседател Мило Ѓукановиќ, тогашен премиер на Црна Гора, официјално ѝ се извини на Хрватска за страдањата и загубите предизвикани од црногорските војници, особено во областа на Дубровник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот