Дрита го елиминира Силекс и од Лигата на Европа

принтскрин

Третиот македонски клуб кој денеска играше во квалификациите за Лигата на Европа, Силекс е елиминиран од Дрита.

За екипата на Силекс заврши европската авантура во квалификациите, по елиминацијата во квалификациите за Лигата на шампионите од Карабак (4:0), кратовски вечерва во Скопје загубија од косовска Дрита со 0:2 во квалификациите за ЛЕ.

Првото полувреме заврши без голови, но и без некоја посериозна шанса за гол на фудбалерите на Силекс, додека поразот беше најавен на самиот старт од второто полувреме.

Во 48. минута, Дрита поведе со 0:1 со голот на Гербеши од пенал. Во самиот финиш од натпреварот Лимани во 80. минута го постави конечниот резултат од 0:2 за завршување на европската авантура на Силекс.

Единствена екипа која остана во квалификациите за ЛЕ е екипата на Шкендија која со 0:1 го совлада Ботошани и си обезбеди дуел со англискиот Тотенхем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот