„Дрисла“ станува јавно претпријатие, поништен договорот со германската „Шолц“

По долгиот судски спор кој заврши со раскинување на договорот помеѓу Град Скопје и италијанскот конзорциум ФЦЛ Амбиенте, кој требаше да управува со депонијата Дрисла, Советот на Градот денеска донесе одлука за раскинување на договорот и со второизбраниот партнер, германската компанија Шолц.

Оваа одлука на Градот Скопје доаѓа откако концесионерот не ја почитувал одлуката во рок од 30 дена да основа Друштво за посебна намена, со кое Градот би постигнал договор за управување со Дрисла.

„Конзорциумот е должен да основа правно лице, односно Друштво за посебна намена во утврден рок кој го склучува договорот за концесија со Град Скопје, која обврска не е испочитувана од страна на избраниот Конзорциум предводен од ‘Шолц’“, истакна денеска градоначалникот Петре Шилегов, на вонредната седница на која беше изгласана одлуката за раскинување на договорот.

Раскинувањето на договорот со Шолц, Градот ќе го искористи од Дрисла да направи Јавно претпријатие.

„Ќе ја вратиме Дрисла како Јавно претпријатие, а потоа очекувам дека ќе се создадат услови за избор на нов концесионер“, рече Шилегов.

На тоа реагираше советникот од опозициската ВМРО- ДПМНЕ Владо Поповски, со прашање до градоначалникот, дали Градот има капацитет да управува со депонијата, на што Шилегов одговори дека веќе од есенва се очекува да започне селекцијата на отпадот, со што би се заработиле 120 000 евра месечно.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот