Дрис Мертенс ќе остане соиграч на Елмас во Наполи!?

фото: твитер

Освен со миланските „неро-аѕурите“, 33-годишниот играч се поврзува и со трансфер во ПСЖ како замена за Единсон Кавани.

Иако претходно италијанските медиуми шпекулираа негово заминување од „Сан Паоло“, денеска информираат дека Белгиецот ќе остане во клубот.

Дрис Мертенс е подготвен да го продолжи договорот (на две години) со Наполи според кој би заработувал четири милиони евра годишно плус бонуси.

Фановите на оваа екипа посакуваат да остане напаѓачот, и натаму му биде тимски колега на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Освен со миланските „неро-аѕурите“, 33-годишниот играч се поврзува и со трансфер во ПСЖ како замена за Единсон Кавани.

Од 2013 година ги брани боите на „наполитанците“, со досега одиграни 226 натпревари и 90 голови, успеа пред шест сезони да освои по еден трофеј во Купот и Суперкупот на Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот