Дрим-тимот се ситни, по Бил уште една ѕвезда се откажа од настап на ОИ

EPA-EFE/GREGORY SHAMUS

Кошаркарската репрезентација на САД, популарниот дрим-тим, која не игра според очекувањата на подготовките за Олимписките игри, а пред настапот во Токио се соочуваат со кадровски проблеми.

Кошаркарот на Вашингтон визардс, Бредли Бил се откажа од настап во Токио поради корона протоколите. Имено, Бил во контакт со лице позитивно на коронавирус и поради тоа мора да оди во карантин, а поради иста причина неизвесен е и настапот на Џереми Грант.

Нови главоболки на селекторот Грег Попович му зададе Кевин Лав кој според добро известениот новинар на ЕСПН, Адријан Војнаровски, го откажал настапот на Олимписките игри.

Причина за отказот е повредата од која сè уште се нема опоправено и нема да биде во добра форма на кошаркарскиот турнир и поради тоа смета дека е подобро некој друг играч да го зазеде неговото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот