„Дрим-тимот“ на Анчелоти, без Кристијано Роналдо! (ФОТО)

фото:твитер

Поголем дел од играчите доаѓаат од „златната ера“ на Милан во изборот на еден од најдобрите фудбалски тренери на светот, Карло Анчелоти.

Легендарниот италијански тренер Карло Анчелоти (менаџер на Евертон) го прифати предизвикот и ги одбра најдобрите 11 играчи кои ги тренираше во својата кариера.

Интересно е тоа што во овој идеален тим го нема Кристијано Роналдо кој го тренираше во Реал Мадрид.

фото: твитер

На голманската позиција е Буфон со кој соработуваше во Јувентус, во одбраната се екс играчите на Милан, Малдини, Тиаго Силва и Кафу, како и Џон Тери на кој му беше менаџер во Челзи.

Потоа, во средниот ред се Зидан кој го тренираше во Јувентус, Лампард од Челзи, како и уште двајца играчи на Милан, Кака и Пирло.

Во нападот e Златан Ибрахимовиќ (заедно беа во ПСЖ), а тука е уште една легенда од „златната ера“ на Милан, Андриј Шевченко.

Анчелоти имаше слава и со Реал Мадрид и со Челзи, но најмногу успеси имаше со тимот на Милан, двапати ја освои Лигата на шампионите, како и УЕФА Суперкупот, а по еднаш Серија А, Купот и Суперкупот на Италија и ФИФА Светското клупско првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот