Дресот на Пеле од последниот натпревар на Бразил против Југославија продаден за вртоглава сума

фото: sinmordaza

Дресот кој Пеле го носеше на својот последен натпревар за репрезентацијата на Бразил е продаден за дури 30.000 евра на аукција на спортски предмети која вчера се одржа во Торино.

Репрезентативниот дрес со бројот 10, Пеле за последен пат го облече во јули 1971 година кога Бразил на легендарната „Маракана“ играше против селекцијата на СФР Југославија.

Помеѓу другите спортски предмети кои беа продадени на вчерашната аукција е и жолтата маичка која ја носеше Фаусто Копи на најпопуларната велосипедска трка, Тур де Франс во 1952 година кога по втор пат триумфира на престижната трка.

Синиот дрес на Јувентус кој го носеше Лусиано Спиноси во финалето на Купот на саемски градови во 1971 година е продаден за 9.400 евра, додека дресот на Наполи со број 10 кој го носеше Диего Марадона во сезоната 1989/90 е продаден за 7.500 евра.

Интересно е што една од поевтините работи кои беа продадени е безбол палката која ја користеше Мајкл Џордан во својата бејзбол кариера достигна цена од 425 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот