Дресот на Јуве за следната сезона е фантастичен (ФОТО)

фото:твитер

Иако се уште не ниту половина од оваа сезона, италијанскиот шампион Јувентус веќе ги крои плановите за новата.

Денеска беше откриен дизајнот на дресот со кој фудбалерите на „старата дама“ ќе играат во сезоната 2020/21 и тој изгледа фантастично.

Производителот на спортска опрема „Адидас“ ги врати црно-белите линии на дресот на Јувентус, а покрај нив се наоѓа и златната боја со која се означени грбот на тимот и производителот „Адидас“.
И шорцевите се во бело-златна боја и нема сомнеж дека оваа гарнитура на дресови на Јувентус ќе наиде на големо одобрување кај навивачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот