Дресот кој Мајкл Џордан го носеше во финалето против Јута продаден за 5 милиони долари

Дрес на Мајкл Џордан/фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Дресот кој Мајкл Џордан го носеше за време на последната финална плеј-оф серија во неговата кариера во НБА лигата е продаден за неверојатн 5 милиони долари.

Џордан со Чикаго булс освои шест шампионски титули, а последната ја освои во 1998 година кога во големото НБА финале ја совлада Јута џез со 4:2 во победи.

– Таа сезона 1997/98 е една од најпопуларните во кариерата на Мајкл Џордан и тогаш достигна височини кои многу спортисти можат да ги сонуваат. Таа сезона го обележи како шампион и најголем натпреварувач – вели Брем Вачер, шеф за продажба на облека и модерни колекционерски предмети.

Дресот кој Џордан го носеше на првиот натпревар од големото финале против Јута, е само еден од два кои некогаш се појавиле на аукција во организација на аукциската куќа „Сотбис“.

Дресот е продаден за неверојатни 5 милиони долари и е втор најскапо продаден дрес на една аукција.

Најскап дрес што „Сотбис“ го продал на аукција е тој на легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона што го носеше во финалето на Светското првенство во 1986 година. Дресот на Марадона беше продаден за 9,3 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот