Дрес на Леброн продаден за 3.68 милиони долари

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Aмериканските медиуми објавија дека дресот на Леброн од 2013 година кога Мајами го победи Сан Антонио со 95:88 и ја освои титулата во НБА лигата е продаден за неверојатни 3.68 милиони долари.

Носејќи го овој дрес Леброн натпреварот го заврши со дабл-дабл од 37 поени, 12 скокови и четири асистенции. Оваа цена дресот ја достигна откако беше ставен на аукција.

Во минатото за поголеми суми се продале само два дреса. Едниот е на Мајкл Џордан од финалето во 1998 година кој достигна сума од рекордни 10.91 милиони долари, а вториот е на Марадона од полуфиналето на СП во 1986.

На тој натпревар Марадона постигна два гола, еден од нив стана посебно славен затоа што беше постигнат со рака. Тој дрес се продаде за 9.28 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот