ДРЕС КОД: Челниците на ДУИ во бели кошули на стадионот во Чаир (ФОТО)

Високото партиско раководство на ДУИ предводено од лидерот Али Ахмети и некои од министрите во владата од оваа партија денеска присуствуваа на поставувањето на камен-теленик за изградба на трибина на стадионот во скопски Чаир.

Од фотографиите што ги објави министерот за евроинтеграции Бујар Османи, паѓа во очи дрес кодот на интегративците. Имено, сите претставници на ДУИ беа облечени лежерно како за на стадион, во бели кошули.Така е и според препораките на лекарите за заштита од топлото време.

„На камен-темелникот на новата трибина на стадионот на ФК Шкупи. Честитки до Клубот, Фудбалската федерација, Општина Чаир, шверцерите, љубителите на спортот! Уште едно исполнето ветување. Беше ветено и е направено“, напиша Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот