Дрекселмајер“ во Куманово обезбедува струја од обновливи извори

Фото: draexlmaier.com/makedoniјa

Фабриката „Дрекселмајер“ во близина на Куманово, од јули годинава се снабдува со електрична енергија од обновливи извори. На покривот на објектот е поставен фотоволтаичен систем, со што е овозможено максимално искористување на потенцијалот од сончевата енергија, објави порталот Куманово њус.

Заштитата на животната средина е основа за одржлив развој и е од суштинско значење за „Дрекселмајер групацијата“. Преку одговорно однесување, компанијата се стреми да ги исполни економските, еколошките и социјалните стандарди.

– Снабдувањето со електрична енергија од целосно обновливи извори на енергија е во согласност со нашата корпоративна стратегија. Во контекст на најголемите глобални предизвици, „Дрекселмајер“ дава важен придонес во заштитата на животната средина. Веруваме дека со овој чекор ќе придонесеме за подигнување на свеста за искористувањето на обновливите извори на енергија и поголема заштита на животната средина – истакна Лукас Мирингер, генерален директор на „Дрекселмајер“ – Македонија.

Групацијата е посветена на одржливо корпоративно управување, а својата иновативност ја фокусира кон одржливи решенија за иднината на автомобилите, истовремено комбинирајќи современа технологија со високи перформанси и елегантен дизајн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот