Дрејк сака да го истетовира ликот на Селин Дион, но нејзиниот одговор нема да му се допадне (ВИДЕО)

Скај Нус

Телото на канадскиот рапер Обри Грејам (32) познат како Дрејк, наскоро ќе биде исполнето со уште една тетоважа, меѓутоа тој нема намера да престане со „украсување“, а ова е негова следна желба.

Пред две години ја запознал славната пејачка Селин Дион (51) и воодушевен од таа средба и ветил дека за година дена ќе го истетовира нејзиниот лик.

Инаку, нема да му биде првпат на Дрејк да тетовира пејачка. Тој веќе на неговото тело ја има Шаде (60).

Меѓутоа Селин воопшто не била воодушевена од неговото ветување, па за интервју за „iHeart Radio Canada“ изјавила дека ќе направи се што може само Дрејк да не ја направи таа тетоважа.

– Можеш да ми пишуваш љубовни песни, можеш да ми испратиш автограми за моите деца, можеш да дојдеш кај мене на посета, можам да те викнам на ручек или вечера, може да излеземе на пијалок, можемо дури да пееме заедно, ма се што ќе посакаш, но те молам само немој да го тетовираш мојот лик – му порачала Дион.

– Ако правиш тетоважа, гледај да биде лажна, бидејќи еден ден може да го смениш мислењето, па еден ден може да биде тоа Џеј Ло, Бритни, Сиа – додала Селин на крајот од интервјуто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот