Дрејк ги шокираше обожавателите со објавата на новиот албум

Фото: Instagram

Дрејк го објави својот седми студиски албум во четвртокот и фановите не мораа долго да чекаат за да го слушаат. „Honestly, Nevermind“ излезе на полноќ.

Ова е второто издание на раперот за помалку од една година. „Certified Lover Boy“, со својот широко исмејуван омот на која се прикажани бремени жени излезе на 2 септември. Фановите, меѓукои и некои познати ја покажаа својата поддршка сугерирајќи дека неговиот нов албум ќе биде совршен начин да го започне летото.

„Подгответе ги вашите шприцери“, коментираше диџеј Калед на „Инстаграм“, додека соработникот на Дрејк, Гордо изјави дека тоа ќе биде „најдобриот албум за танвување на сите времиња“, а ентузијастичката канадска фудбалска ѕвезда Јакиле Маршал-Рути понуди: „Летото официјално започна“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by champagnepapi (@champagnepapi)

Ненадејната вест доаѓа неколку часа откако Бијонсе, го најави нејзиниот нов албум, „Renaissance“, кој доаѓа на 29 јули – веројатно започнувајќи ја трката за Дрејк да го објави својот рекорд што е можно поскоро.

Бијонсе најави албум по шест години

„Дрејк брза да го издаде својот нов албум пред да излезе Бијонсе“, се пошегува еден корисник на „Твитер“ со клип од маса луѓе кои спринтуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот