Дрејк ги изнервира и „воините“ (ВИДЕО)

принтскрин

Познатиот музичар Дрејк е најпознатиот навивач на финалистот во НБА лигата, Торонто репторс, и секогаш ги бодри кошаркарите од првиот ред на „Скотиабанк„ Арената. Во плејофот често ја поминува границата на дозволеното, на неговите испади се жалеа кошаркарите на Милвоки бакс, а сега тој се замери и со ѕвездите на актуелниот шампион Голден стејт, Стеф Кари и Дрејмонд Грин.

Дрејк во обидот да го испровоцира Стеф Кари, на натпреварот се појави со дрес на неговиот татко, Дел Кари, од времето кога играше токму за Торонто.
По крајот на натпреварот кој му припадна на Торонто со 118:109, Дрејк му се внесе во лице на Дрејмонд Грин, разменија неколку зборови но не дојде до посериозен инцидент бидејќи вербалната расправија беше прекината од останатите кошаркари на Голден стејт.


– Не би рекол дека тоа беше некаков дуел. Не го слушнав што ми кажа, ниту тој мене ме слушна што му зборував, но немаше никаква мешаница. Малку викавме но не моѓам да кажам дека тоа беше некаков дуел – изјави Грин на пред конференција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот