Дрецун: Во Скопје има разузнавачи кои сакаат да ѝ наштетат на Србија

Претседателот на собраниската комисија за Косово во српскиот Парламент, Милован Дрецун изјави за српски „Курир“ дека пред два месеца бил формиран силен разузнавачки тим, кој работи скриен во голема западноевропска фабрика за автомобили во Скопје, а чиешто тајно делување било насочено кон блокада на постигнувањето на компромисно решение помеѓу Белград и Приштина.

Според неговите зборови, тоа го прават разузнавачи од Бугарија, Албанија, Северна Македонија и Германија.

Дрецун истакна дека во одредени соседни земји се води силна кампања против постигнување на било какво компромисно решение помеѓу Белград и Приштина и додаде дека Северна Македонија станува центар на силно разузнавачко делување против интересите на Србија, пренесе „Вечерње новости“.

„Секое постигнување на компромисно решение е столб за стабилизација на овој регион, а непостигнувањето на компримис помеѓу Белград и Приштина е подготовка за нови немири во регионот и создавање на ‘Голема Албанија’“, изјави Дрецун.

Тој истакна дека македонската власт мора да одговори која е целта од формирањето на разузнавачки тим, којшто сака да ѝ наштети на Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот