Дрецун: Во Скопје има разузнавачи кои сакаат да ѝ наштетат на Србија

Претседателот на собраниската комисија за Косово во српскиот Парламент, Милован Дрецун изјави за српски „Курир“ дека пред два месеца бил формиран силен разузнавачки тим, кој работи скриен во голема западноевропска фабрика за автомобили во Скопје, а чиешто тајно делување било насочено кон блокада на постигнувањето на компромисно решение помеѓу Белград и Приштина.

Според неговите зборови, тоа го прават разузнавачи од Бугарија, Албанија, Северна Македонија и Германија.

Дрецун истакна дека во одредени соседни земји се води силна кампања против постигнување на било какво компромисно решение помеѓу Белград и Приштина и додаде дека Северна Македонија станува центар на силно разузнавачко делување против интересите на Србија, пренесе „Вечерње новости“.

„Секое постигнување на компромисно решение е столб за стабилизација на овој регион, а непостигнувањето на компримис помеѓу Белград и Приштина е подготовка за нови немири во регионот и создавање на ‘Голема Албанија’“, изјави Дрецун.

Прочитајте и...  ФОТО: Граѓаните од општина Гази Баба им помагаат на лицата од ранливите категории

Тој истакна дека македонската власт мора да одговори која е целта од формирањето на разузнавачки тим, којшто сака да ѝ наштети на Србија.

Поврзани вести

Ребалансот на Буџетот чека на усвојување во Собрание: Приходите пониски за 0,2 отсто, расходите повисоки за 4,2 отсто

Слободен печат

Собрание: Закажани седници на четири комисии

Слободен печат

ЈП „Водовод и Канализација“: Дел од Општина Ѓорче Петров без вода

Слободен печат

ЕВН: Денеска неколку скопски општини ќе струја

Слободен печат

Метео: Сончево со умерена облачност и температура до 24 степени

Слободен печат

Курсна листа на НБРСМ: Колку чини еврото денеска?

Слободен печат

Остави Коментар