Драстично зголемен бројот на смртни случаи од коронавирусот во Канада

Фото: Принтскрин

Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во Канада нагло се зголеми и официјалните лица се заканија со казни за граѓаните кои не ги почитуваат мерките за да спречат ширење на болеста.

Во Канада, до полноќ во неделата, 20 луѓе починаа од инфекција со коронавирусот, седум повеќе од претходниот ден, соопшти Отава. Бројот на потврдени случаи на инфекција се искачи на 1.430, од ​​1.099 во саботата.

Заразата се прошири во сите 10 канадски провинции.

Отава одреди самоизолација од 14 денови за граѓаните кои се враќаат од странство. Министерката за здравство, Пети Хајду им се закани со казни според законот за карантин на оние што ја прекршуваат одредбата.

– Ние ќе ги искористиме сите расположиви мерки… за да се осигураме дека граѓаните ги почитуваат одредбите, рече Хајду на брифингот за новинари.

Канада веќе ги затвори своите граници, дозволувајќи само најнеопходно патување. Тие, исто така, најавија пакет мерки за олеснување од 27 милијарди американски долари за граѓаните и деловните субјекти, најтешко погодени од епидемијата.

Премиерот Џастин Трудо рече дека ќе бидат преземени и дополнителни мерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот