Драстично поевтинија акциите на петте најголеми технолошки компании во САД

Загубите на петте технолошки гиганти вкупно изнесуваат 321,6 милијарди долари.

Акциите на петте најголеми технолошки компании во САД вчера поевтинија вкупно за повеќе од 320 милијарди долари.

Според Си-Ен-Ен, акциите на Епл поевтиниле за околу 23 долари (7,91 проценти) до 266 долара. На Мајкрософт, Фејсбук и Алфабет, која е сопственост на Гугл, загубија по повеќе од шест отсто од својата вредност. Акциите на Амазон поевтинија за 5,3 проценти.

Загубите на петте технолошки гиганти вкупно изнесуваат 321,6 милијарди долари.

Њујоршката берза го преживеа најлошиот ден од светската финансиска криза во 2008 година. Основните индекси на Волстрит загубија по повеќе од седум проценти од вредноста како резултат на падот на цените на нафтата и ширењето на новиот коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот