Драстично опаѓа стандардот на босанските граѓани

Стандардот на „обичните граѓани“ во Босна и Херцеговина е се полош и полош. Секое шесто домаќинство во Босна и Херцеговина е сиромашно, додека половина од населението е на работ на сиромаштија, покажуваат податоците на Обединетите нации.
Покрај пензионерите, на удар е и работоспособното население кое долго време мака мачи да се носи со трошоците за живот. Прометот во месарниците во изминатата година падна за 30 отсто.
Вртоглави цени се провлекуваат низ целата земја, но Мостар и Широки Бријег традиционално ја држат титулата најскапи градови. Политичките партии навлегуваат во паричниците на граѓаните на Херцеговина.
„Тука не се работи за конкуренција, туку се избираат фирми и се поставуваат луѓе, исклучиво по партиски принцип. Затоа тука се избегнува пазарот и конкуренцијата каде има пад на услугите загарантирани со закон, но цените едноставно се избираат произволно“, посочи Марин Баго од Здружението за заштита на потрошувачи „Фортуна“.
Босна и Херцеговина е единствената земја во регионот и една од ретките во Европа која практично не одговори на поскапувањето на основните прехранбени производи, падот на животниот стандард и галопирачката инфлација која урива рекорди, пренесува Н1 Инфо.