Драстичен „рез“ на Моника Белучи: Кратка фризура за која само малку жени се одлучуваат (ФОТО)

Profimedia

Италијанската дива Моника Белучи беше една од гостите на ревијата на модната куќа „Долче и Габана“ која беше прикажана на Модната недела во Милано.

Нејзиниот избор на гардероба овој пат остана во сенка на нејзината нова фризура.

Белото одело во комбинација со проѕирна кошула падна во втор план бидејќи глумицата драстично ја скратила косата и сега наместо раскошната долгата коса на која ѝ е верна со години, има популарна „боб“ фризура.

Instagram

Иако многу долгокоси жени имаат желба да испробаат кратка фризура, главно ги избегнуваат фризерските ножички.

Моника Белучи е најдобар доказ дека понекогаш се исплати да ризикувате и да ја испробате фризурата за која долго сте сонувале.

Profimedia

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот