Драмски театар: Претставата „Диши“ е направена низ процес базиран на сериозно истражување

Премиерата на претставата „Диши“ на сцената на Драмски театар во Скопје се одржа на 29 декември. Претставата е поставена по текстот „Диши“ (Бели дробови) од Данкан Мекмилан во режија на Димче Николовски-Димсата.

„Текстот на претставата беше прекрасен предизвик, кој не дозволуваше да му се доближиш без сериозно истражување на повеќе области при сценската реализација. Секое истражување мора во себе да содржи и преиспитување. Текстот како да живее низ преиспитување. Имаше прекрасен процес, супер соработници, едноставно уживање. Се надевам дека и публиката ќе почувствува барем еден дел од тоа наше уживање“, истакнува Димсата.

Ликовите во претставата ги играат Јасмина Василева и Димитрија Доксевски. Преводот на текстот е на Благоја Бошковски – Буцко, сценографијата е на Илија Николовски, а костимографијата на Раде Василев.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 63, во новогодишниот број на печатеното издание на „Слободен печат“ на 31 декември 2020 – 3 јануари 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот