ДРАМАТИЧНО: Maж четири дена бил заглавен меѓу карпи (ФОТО)

Топ Чанел

Драматична операција за спасување на еден маж кој беше заглавен во карпите, беше реализирана од властите во џунгла во Батамбанг, Камбоџа. Според полицијата, Сум Бора во неделата се лизнал меѓу карпите додека се обидел да ја земе светлечката батерија што му паднала од рацете.

Мажот отишол во џунглата да собере фекалии од лилјаци, што ги користеле земјоделците од областа како ѓубриво. Според Асошиејтед Прес, неговото семејство било загрижено кога тој не се вратил после три дена и почнале да го бараат.

Неговиот брат го нашол и ги известил надлежните органи. Биле ангажирани околу 200 спасувачи, кои многу внимателно почнале да ги копаат карпите околу 28-годишникот. После 10-часовните обиди, тие конечно биле во можност да го извадат Сум Бора и да го одведат во болница. Тој не претрпел сериозни повреди, пренесува Топ Чанел.

Топ Чанел
Топ Чанел
Топ Чанел
Топ Чанел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот