Драматични снимки од Париз: Гори познатата катедрала Нотр Дам! (ВИДЕО)
Облаци од чад се креваат од грандиозната катедрала Нотр Дам во центарот на Париз. Се уште не се познати причините како настанал пожарот во Богородичната црква.
Ројтерс пренесува повикувајќи се на изјави од сведоци дека од врвот на катедралата се гледа густ дим, а оганот ги зафатил две камбани. Истиот извор јавува дека пожарот избил на таванот од катедралата.
Пожарникарите и останатите служби се на терен, а засега нема податоци за причините за овој инцидент ниту дали има повредени.
Богородичната црква се смета за најубавиот пример на француската готска архитектура. Се наоѓа на малиот остров на реката Сена.
Horrible #NotreDame pic.twitter.com/BndHQRO1b5
— Solveig Godeluck (@Solwii) April 15, 2019
Notre Dame is burning #paris #notredame pic.twitter.com/5XanweT5Xh
— Mel (@mncasasnovas) April 15, 2019