Драматична состојба во домовите за стари лица во Англија, илјадници починати

EPA EFE
epa08385554 Anais, a doctor working in the COVID-19 unit, performs a stethoscopic auscultation on a patient potentially infected with the SARS-CoV-2 coronavirus at the Etterbeek-Ixelles site of the Iris Sud Hospitals in Brussels, Belgium, 26 April 2020. EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Болниците бележат околу 75 отсто повеќе починати од вообичаеното за овој период од годината. 

Повеќе од 6.000 лица починаа од новиот коронавирус во домовите за стари и изнемоштени лица во Англија за три недели, а таквата „драматична ситуација” и понатаму се влошува иако епидемијата во Обединетото Кралство почнува полека да се намалува, соопшти Заводот за национална статистика.

Вкупно 6.391 смртен случај, поврзан со новиот коронавирус, е потврден во домовите за стари и изнемоштени лица од 10 април до 1 мај, од кои 2.044 се регистрирани во последната недела од минатиот месец, покажуваат податоците кои се однесуваат само за Англија.

– Бројот на починати во земјата на дневна основа полека се намалува, што охрабрува, истакна Ник Стрип, аналитичар од Заводот за статистика, додавајќи дека болниците бележат околу 75 отсто повеќе починати од вообичаеното за овој период од годината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот