Драматичен триумф на Србија на последната проверка пред Мундобаскетот

Репрезентацијата на Србија е победник на силниот „Акрополис куп“ кој се одржуваше во Атина, откако во третото коло го совлада дотогаш непоразениот домаќин со 85:80 и тоа по продолжението од пет минути.

Победата добива на тежина ако се знае дека неколку часови пред почетокот на дуелот, Србија остана без својот најдобар кошаркар Никола Јокиќ кој поради приватни причини мораше да се врати во Белград.

Носени на крилјата на навивачите во „ОАКА“ Арената, кошаркарите на
Грција доминираа во првото полувреме кое го добија со 38:31. Фуриозната игра на Грција предводена од најдобриот играч во НБА лигата, Јанис Адетокумпо продолжи на стартот од третата четвртина па дојдоа и до двоцифрена предност (35:45).

Но, тогаш се разиграа Богдановиќ и Бјелица по што разлика почна да се топи, а во 38 минута избраниците на селекторот Ѓорѓевиќ поведоа со 64:63. Во следниот напад Богдановиќ повторно постигна тројка за серија од 8:0 и водство од 67:63 на неполна минута до крајот на средбата. Сепак, Грците не се предадоа, прво Адетокумпо на 24 секунди до крајот нанали на 69:72, а Танасис Адетокумпо на две секунди до крајот постигна тројка за израмнување.

Во продолжението од пет минути кошаркарите на Србија се покажаа како поумешни, не грешеа во нападот и на крајот заслужено ја совладаа Грција со 85:80.

Најдобар на теренот беше Богдан Богдановиќ со дури 28 поени, а Бјелица имаше учинок од 18 поени и 14 скокови, додека кај Грција најдобри беа браќата Адетокумпо, Јанис со 20 поени и Танасис со 17 постигнати поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот