Драмата на црвениот тепих на Златните глобуси: Џенифер Лопез спакувана како подарок! (ФОТО)

Profimedia

Некои одушевија со изборот, а други, според зборовите на стручњаците, сосема разочараа.

На 77. доделување на наградата Златен глобус очите на јавноста беа вперени во модните комбинации на бројните ѕвезди што се прошетаа по црвениот тепих. Некои одушевија со изборот, а други, според зборовите на стручњаците, сосема разочараа.

Посебно внимание привлече Рене Зелвегер (50), која ја освои наградата за најдобра глумица во категоријата драма. За улогата во филмот „Џуди“, глумицата ослабела 15 килограми, поради што јавноста беше шокирана од нејзиниот изглед. Глумицата на доделувањето на Златен глобус се појави во долг син фустан на италијанскиот бренд „Армани“. Рене била на диета на која се внесуваат 40 % јагленихидрати, 30 % протеини и 30% масти, а очигледно диетата ѝ успеала.

Profimedia

На црвениот тепих заблеска и Селма Хаек (53), која носеше тесна тоалета потпишана од „Гучи“, а особено го нагласи бујното деколте.

Profimedia

Со длабоко деколте се пофали и Скарлет Јохансон (35), која носеше свилен црвен фустан, а од накит 120-каратен гердан на „Булгари“.

Profimedia

Сличен фустан носеше и Никол Кидман.

Profimedia

Без градник на црвениот тепих дојде Кери Вашингтон (42), која наместо градник носеше ланец со потпис на „Алтузара“.

Profimedia

Американскиот глумец Били Портер (50) познат е по неговите контроверзни модни комбинации. Тој носеше рачно изработено бело одело со долга наметка со ефект на перја на дизајнертот Алекс Винаш.

Profimedia

Џенифер Лопез одбра фустан од модната куќа „Валентино“, со голема машна на градите, а комбинацијата ја надополнила со ѓердан од 145 карати.

Profimedia

Погледнете ги и останатите ѕвезди кои придонесоа за драмата на црвениот тепих.

Скарлет Јохансон/Profimedia
Пријанка Чопра/Profimedia
Лора Дерн/Profimedia
Гвинет Палтроу/Profimedia
Кејт Бланшет/Profimedia
Лејди Гага/Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот