Драмата му припадна на тимот од Градски парк, Работнички во финалето на Купот

фото: МКФ

Најтрофејниот кошаркарски колектив, Работнички утре ќе има шанса да ја збогати ризницата на трофеи, откако обезбеди пласман во финалето на кошаркарскиот Куп на Македонија со драматичната победа над МЗТ Скопје. Победникот беше одлучен по 50 минути игра, две продолженија по кои победата ја однесе тимот од Градски парк со 93:89 и утре во финалниот дуел (17.30 ч.) против Блокотехна ќе се обиде да стигне до 10. трофеј во Купот.

Очекувано на натпреварите на двете екипи, неизвесноста беше присустна во текот на целиот натпревар, на секоја серија од една екипа, втората одговараше во своја серија и не дозволуваше поголема резултатска предност.
Финишот донесе ретко видена драма во која МЗТ Скопје во последните две минути влезе со предност од два поени (69-67), на што Работнички преку Стајиќ одговори со тројка и ново водство.

Потоа следуваше само едно прецизно слободно фрлање на Андрија Бојиќ, по што на нецели пет секунди до крајот судиите досудија прекршок во шут за три поени и тоа на самиот истек на нападот на центарци. Димитар Караџовски реализира две за 72-70 но ни тука не беше крајот на возбудувањата. Акцијата нацртана од тренерот на МЗТ Скопје, Кочов беше реализирана преку Бојиќ со што натпреварот замина во продолжение. Работнички веднаш ја презеде иницијативата и со пет поени по ред дојде до големо водство во продолжението, но МЗТ Скопје врати на сличен начин што значеше и продолжување на неизвесноста.

Во второто продолжение кошаркарите ги стигна заморот, па имаше повеќе грешки од вообичаено. Во последната минута се влезе изедначено, а помирна рака имаа кошаркарите на Работнички кои преку Јанески постигнаа поени кои се покажа како решавачки.

Чавдар Костов со 19 поени и осум скока и Марјан Јанески и Бобан Стајиќ со по 17 поени беа најпрецизни во победничкиот тим, додека Андрија Бојиќ со 21 поен беше најефикасен кај МЗТ Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот