Драма во воздухот, гром удрил во авионот со фудбалерите на Херта

Фудбалерите на Херта во неделата остварија убедлива победа од 0:4 на гостувањето во Келн, но на враќањето за Берлин се молеа за сопствените животи. Имено, ненадејно удри гром во авионот во кој се наоѓаа фудбалерите и стручниот штаб на Херта, но за среќа, без последици.

– Се слушна силен вресок. Големо светло оддеднаш блесна и сите го видовме. Мило ми е што безбедно слетавме бидејќи никогаш досега не сум доживеал вакво нешто. На сите ни влезе страв во коските. За среќа, двајцата пилоти безбедно не однесоа до Берлин – изјави за „Билд“, спортскиот директор на Херта, Михаел Прец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот