Драма во Удине со несреќен крај за македонските кошаркари (ВИДЕО) – Слободен печат
КошаркаСпорт

Драма во Удине со несреќен крај за македонските кошаркари (ВИДЕО)

Денеска македонската машка кадетска репрезентација го претрпе и вториот пораз на Европското првенство (У16) овојпат од Израел.

Израел беше шансата да го оствариме првиот триумф на континенталниот собир, но на крајот среќата не беше на наша страна.

После тесниот пораз од Шпанија, денеска на ЕП кадетите загубија и од селекцијата на Израел кој славеше дури после три одиграни продолженија (99:90).

Најпрвин во регуларните 40 минути беше 72:72 (18:21, 18:10, 26:14, 10:27), а во третата четвртина имавме одлична предност од дури 17 кошеви разлика (62:45), но истата ја пропуштивме.

Првите две продолженија завршија идентично (8:8, 8:8), а во третото реализиравме само два поени, а противникот осум.

Кај стрелците 22 поени, девет скокови и пет асистенции запиша Андреј Митревски, потоа Резарт Мемед имаше 16 поени (пет скокови, четири асистенции), а Филип Наков имаше „дабл-дабл“ учинок од 13 поени и 10 скокови (шест асистенции).

На спротивната страна најрасположен беше Емануел Кристофер Шарп со 35 поени (шест скокови), следен од Офек Гол со 24 поени (14 скокови, седум асистенции).

Следниот трет натпревар ќе го имаме в недела од 18.45 часот против селекцијата на Летонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close