Драма во Сплит: Маж пукал во врата од стан во кој имало пет лица, полицијата го уапси

Сплитската полиција уапси 34-годишен маж кој им се предал откако пукал со пиштол кон врата од стан полн со луѓе.

Во петокот попладне околу 17 часот и 25 минути, во месноста Спинут, маж испукал неколку истрели од пиштол во врата од стан и се оддалечил со возило, пренесе N1.

Полициски службеници по приемот на пријавата веднаш излегле на местото на инцидентот и собрале информации за можниот сторител.

Набргу потоа, мажот дошол во полициската станица и се предал, предавајќи пиштол со чаура и двa куршумa.

Во моментот на пукањето во станот имало пет лица – 48-годишен маж, 70-годишна жена, 32-годишен маж, 31-годишен маж и 38- годишен маж.

Во инцидентот нема повредени, велат од полицијата.

Кривичната истрага утврдила дека пријавениот и претходната вечер пукал на истата врата, но тоа не било пријавено во полиција.

„Полициски службеници од Службата за општ криминал во саботата ја завршија кривичната истрага за 34-годишен маж кој е приведен кај надзорник во притвор со кривична пријава за две кривични дела загрозување живот и имот“, изјави Жељка. Радошевиќ од сплитската полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот