ДРАМА ВО САРАЕВО: Избегнат вооружен конфликт по доаѓањето на Ердоган на аеродромот

По пристигнувањето на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на меѓународниот аеродром во Сараево, за малку бил избегнат конфликт меѓу Граничната полиција на Босна и обезбедувањето на турскиот лидер, откако тој одбил да помине преку редовната процедура за аеродромска контрола, информираат босанските медиуми.

Инцидентот бил потврден и од страна на директорот на Граничната полиција на БиХ, Зоран Галиќ, кој го пофали професионализмот и реакцијата на припадниците на Единицата на граничната полиција на БиХ, истакнувајќи дека, сепак, се поминало без проблеми, иако за малку можело да дојде до вооружен конфликт.

–  Оние кои доаѓаат во БиХ мора да ги почитуваат законите на БиХ, а не да покажуваат дека се над нив, изјавил Галиќ, додавајќи дека членовите на Претседателството на БиХ кога патуваат во странство секогаш ги почитуваат законите на другите држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот