ДРАМА ВО ОСЛО: Украл амбулантно возило и прегазил неколку пешаци

Неколку лица се здобиле со повреди, кога неименуван човек го украл возилото на итната помош и прегазил неколку пешаци на улица во Осло, јавуваат тамошните медиуми.

Еден осомничен за случајот бил уапсен, потврдила полицијата за медиумите.

Полицијата исто така потврдила и дека украденото возило сега е под нивна контрола, како и тоа дека нејзини припадници пукале за да го запрат вооружениот маж кој возел.

Сооопштено е дека осомничениот не е сериозно повреден.

Полицијата поставила безбедносен кордон околу подрачјето во кое се случил инцидентот. Нема информации дали инцидентот се води како намерен напад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот