Драма во обложувачница во Драчево: се степале двајца, настрадала вработената

Синоќа во 20,50 часот во СВР Скопје, вработена во спортска обложувалница во скопската населба Драчево пријавила дека по претходна расправија меѓу двајца муштерии, едниот од нив го скршил стаклениот шалтер во обложувалницата.

Притоа, тој ја повредил вработената во обложувалницата, по што двајцата избегале.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот