ДРАМА ВО НИШ: Војник си ги исекол вените во школски двор, па им се заканувал на докторите кои сакале да му помогнат

Амбулантно возило / Фото: Профимедиа

Војник со иницијали И.В. кој си ги исекол вените денеска околу 15.00 часот во школски двор на основно училиште се наоѓал надвор од животна опасност, пренесува Курир.рс.

– Ние интервениравме со помош на полицијата и неговата здравствена состојба сега е стабилна. Тој е префрлен во Клиничкиот центар во Ниш, соопштија од брзата помош.

Тој бил во друштво на девојка која седела покрај него и плачела.

Како што информираат од болницата во Ниш, а пренесуваат српските медиуми, војникот  прво одбивал да прими помош и им се заканувал на докторите, а подоцна кога полицијата стигнала, тој прифатил да му се помогне.

Тоа траело околу десетина минути, а се претпоставува дека тој бил во алкохолизирана состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот