Драма во Нигерија | Киднапери го грабнаа и курирот што им донесе откуп за заробените деца: Само Господ може да ни помогне сега

epaselect epa09039160 Students, who escaped from gunmen, wait outside the school premises for their parents after gunmen abducted more than 300 students at the Jangebe Government Girls Secondary School, Zamfara State, Nigeria 26 February 2021. According to regional police over 300 girl students were abducted by gunmen in Jangede marking this as the third school attack in Nigeria in less than three months. EPA-EFE/STR

Киднапери во Нигерија го грабнале и човекот кој бил испратен да им го достави откупот за да се ослободат десетици грабнати деца од училиште.

Постариот маж бил испратен од страна на родителите откако со продажба на земјата и друг имот успеале да соберат 30 милиони наири (75.000 долари), објави Би Би Си додавајќи дека сега, по грабнувањето и на курирот се чувствуваат безнадежно.

Киднапирањето деца од училиште стана редовна пракса на северот од земјата. Притоа, киднаперите бараат откуп, но ова е редок случај кога го заробиле и човекот кој им ги донел парите. Киднаперите му се јавиле и на директорот на училиштето за да му нагласат дека испратените пери не биле договорената сума.

Учениците, 136 на број се грабнати од исламско училиѓте во Тегина во државата Нигер.

Драмата започнала кога вооружените напаѓачи на мотори упаднале во градот и почнале да пукаат, при што едно лице е убиено, а едно е рането. При бегањето, влегле во училиштето и ги заробиле децата. Родителите и училишните администратори преговарале со криминалците и се договориле да платат откуп.

Продале дел од земјата на училиштето, но и други работи. Според директорот на училиштетот Малам Абубакар Алхасан, шест луѓе се испратени со точната сума за да се најдат со киднаперите. Кога стигнале, криминалците побарале само еден од нив за да им ги донесе сите пари за да ги пребројат.

Подоцна се јавиле и рекле дека сумата не е доволна.

Родителите сега се препуштени на судбината. Велат дека не можат да соберат повеќе пари. Сега се потпираат на Бога, вели директорот.

Од декември минатата година повеќе од илјада ученции се грабнати од училишта во северниот дел на Нигерија, а стотина деца и натаму се заробени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот