Драма во Монако: Дете (4) седна зад воланот на Бентлито од својот татко и прегази пешак

Фото: Профимедиа

Дете на возраст од 4 години синоќа направило метеж во Монако откако седнало зад воланот на лусузниот автомобил на својот татко, а потоа удрило и тешко повредило пешак, соопшти полицијата од Монако.

Белгиски државјанин кој живеел во Монако е хоспитализиран во Ница, додава полицијата и нагласува дека тој е опериран ноќта и повеќе не е во животно загрозувачка состојба.

Драмата се одвивала пред Хотел д Пари во Монако, каде престојувал сопственикот на Бентлито и неговото семејство, кои биле од Ерменија.

„Возачот излегол од автомобилот за да ги предаде клучевите на лицето кое ги паркира возилата и тогаш детето се провлекло од задниот дел кон воланот, притиснало гас, и автомобилот прескокнал и удрил во пешак кој во тој момент поминувал покрај хотелот, соопштија од полицијата.

Останува нејасна целата ситуација со оглед на тоа што клучевите од возилото биле извадени, а возачот не се сеќава дали го изгасил моторот.

Истрагата ќе ги утврди околностите на оваа бизарна незгода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот