ДРАМА ВО ЛУНА ПАРК ВО ХРВАТСКА: Деца биле заробени на рингишпил, помош стигнала од друг град (ВИДЕО)

Вчера околу 19 часот дошло до дефект на голем рингишил во Биоград на Море, поради што повеќе луѓе, од кои повеќето деца, останале заробени на височина од 30 метри, пишуваат хрватски медиуми.

Припадници на противпожарната бригада на Биоград на Море пристигнале брзо, но не можеле да направат ништо бидејќи противпожарните скали им биле на поправка во Германија.

Побарале помош од колегите од Задар. Скалите стигнале, па акцијата за спасување почнала во 20 часот. Последните луѓе од рингишпилот биле симнати во 20.30 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот