ДРАМА ВО ЛИОН: Жена се забарикадирала и пука по минувачи! (ВИДЕО)

Откако се забарикадирала во еден стан во Лион, жена почнала да пука на минувачите, а полицијата покренала акција.

Голем број на специјалци се на лице место, пренесуваат локалните медиуми. Целиот округ Сакс-Гамбета е затворен, а специјалците со многу возила стигнале на местото.

Како што пренесуваат локалните медиуми, една од минувачките е ранета во рака, а полицијата се уште не излегува со податоци за евентуални жртви.

На неколку стотина метри од таму се наоѓа средно училиште во кое полицијата мораше да ги изолира и да заклучи околу 400 ученици како мерка на претпазливост.

За сега неидентификуваната жена почнала да пука од пушка околу 9 часот утрово, од стан на улицата Вилеруа во Лион. Нејзиниот идентитет и мотив се непознати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот