Драма во Косово: Моторџија од Белград спасен после два дена потрага

Во неговото пронаоѓање покрај полицијата и припадници на ЕУЛЕКС помогнале и група моторџии. Тој „слетал“ од патот и никој не можел да го види. Кога бил пронајден бил свесен и комуникативен, но имал сериозни повреди.

Мотоциклистот Иван Милошевиќ (32) од Белград, кој исчезна во саботата на територијата на Косово е пронајден вчера во ров на неколку метри од патот кон Грачаница.

Тој „слетал“ од патот со моторот. Од падот здобил тешки повреди, а за време на несреќата му се скршил телефонот, па не можел да повика помош. Моторџијата е пронајден после 42 часа пребарување на теренот.

Во неговото пронаоѓање покрај полицијата и припадници на ЕУЛЕКС помогнале и група моторџии. Тој „слетал“ од патот и никој не можел да го види. Кога бил пронајден бил свесен и комуникативен, но имал сериозни повреди.

Од полицијата известија дека Милошевиќ имал крварење во градите и главата, но за среќа, тој не бил во животна опасност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот